- Пишува: Дарко Тодоровски – воен аналитичар и докторант на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација
Во духот на кинеската филозофија и традиција „Кина нагласува дека само кога луѓето од сите земји живеат добро, во изобилство и во радост, просперитетот ќе биде одржлив и ќе биде можно да се обезбеди безбедност и да се гарантира создавање основа за почитување на човековите права“.
Уште од древни времиња глобализацијата започнува со „Патот на свилата“, и неговите огромни каравани поминувајќи низ илјадници градови и населени места ги поврзувале Азија и Европа, вршеле размена на знаења, товари и искуства, ги соединувале културите и цивилизациите.
Денес, Кина, со својата растечка економска моќ, денес е главен генератор на идеите на нова поправедна глобализација и Кина е носител на нејзините знамиња, нејзин диригент, а концептот за “Заедница со заедничка иднина” е во центарот на кинеската надворешна политика. За разлика од декадентниот Запад, Кина нуди алтернативи: глобален развој, глобална безбедност и глобална цивилизација.
Во март 2013 година, кинескиот претседател Си Џинпинг првпат го предложи кинескиот план за градење “Заедница со заедничка иднина за човештвото”. Во текот на изминатите 13 години, кинеската иницијатива еволуираше од благородна визија во „богата практика“, „меѓународен консензус“ и „научен систем“.
Но што е “Заедница со заедничка иднина за човештвото”?
Во духот на кинеската филозофија, целта е да се создаде свет на траен мир, универзална безбедност, споделен просперитет, отвореност и инклузивност, чистота и убавина. Самиот концепт се реализира преку создавање на систем за глобално управување базиран на заедничка консултација, развој и користење, универзално почитувајќи ги заедничките вредности на целото човештво, каде што примарниот столб е промовирање на формирање на нов вид односи. Иницијативите за глобален развој, глобална безбедност и глобална цивилизација служат како стратешко водство. А практичната платформа за спроведување на концептот е висококвалитетната заедничка изградба на иницијативата „Еден појас, еден пат“.
Концептот за „Заедница со заедничка иднина за човештвото“, ја поседува потребна флексибилност за да одговари на сите земји и длабочина за да им користат и на нив и на глобалната заедница, истиот може да послужи како теоретска основа и практичен водич за градење поправеден светски поредок на рушевините на стариот светски поредок. Пекинг предлага стратегија на индивидуализирани пристапи кон секоја држава.
Кина се залага за праведен, уреден, мултиполарен свет и инклузивна економска глобализација, за еднаквост на сите земји, големи и мали, против хегемонијата и силата и за спроведување на вистински мултилатерализам. Иницијативата за глобален развој е слична по содржина на домашните слогани за развој на Кина. Нејзината фундаментална цел е постигнување национална среќа.
Затоа сите заедно, да изградиме глобална заедница со заедничка иднина – една иднина без ниту една земја да биде запоставена, кон заеднички и просперитетен развој, една иднина што е глобално инклузивна и корисна за сите држави.
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, говорејќи на Дијалогот на лидерите на БРИКС Плус, во 2024 година изјави: „Разновидноста на цивилизацијата е впечатлива карактеристика на нашата планета. Иницијативата за “Заедница со заедничка иднина за човештвото што ја предложив е насочена токму кон изградба на „градина“ каде што можат да цветаат сите цвеќиња на светските цивилизации.“

