Намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто се претставува како олеснување за граѓаните, но според ставовите на Марјан Димитриев, реалната слика е поинаква. Тој предупредува дека и покрај мерката, граѓаните и понатаму плаќаат двојно оданочување, бидејќи ДДВ се пресметува и на веќе постоечката акциза, што според него ја прави мерката повеќе ПР отколку суштинска реформа.
Нема шминка што ќе ја скрие вистината, ние плаќаме ДАНОК НА ДАНОКОТ!
Мицкоски се фали на прес конференции како го намалиле ДДВ за горивата од 18% на 10% но истовремено се премолчуваат неколку работи.
Да не заборавиме дека државата прво ни наплаќа акциза за горивото за потоа на истиот тој износ ни пресметува и ДДВ. Со други зборови, двојно оданочување каде граѓанинот нема избор освен да плаќа данок на данокот.
Ако толку многу се грижи за стандардот на граѓаните, освен намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нека го укине ДДВ што се плаќа на износот на акциза, нека ги ограничи односно намали профитните маржи на трговците по литар и нека го намали износот на акциза.
Се друго е само козметика и ПР а на крај сметката секогаш ја плаќаме ние, напиша Димитриев на својот Фајсбук профил.

