Поранешниот американски разузнавач и воен аналитичар Скот Ритер изнесе тврдења дека Иран погодил објект поврзан со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што наводно била погодена неговата куќа, а во нападот, според Ритер, загинал и неговиот брат. Овие информации засега циркулираат главно на социјалните мрежи и не се официјално потврдени.
Ритер тврди дека во истите напади била погодена и куќата на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен‑Гвир, кој според неговите наводи бил сериозно повреден.
Од друга страна, британскиот јавен сервис Би-Би-Си објавил дека Бен-Гвир бил повреден во сообраќајна несреќа, а не во напад.
Би-Би-Си тврди дека Бен-Гвир бил повреден во сообраќајна несреќа. Ритер истакна: „Неговата куќа гори. Можеби со автомобилот се забил во сопствената куќа“.

