Дел од западните медиуми изминатите денови изнесуваат дијаметрално спротивставени оценки за улогата на Русија во војната на САД и Израел со Иран.
На почетокот на ескалацијата, одредени аналитичари и коментатори во западните медиуми ја критикуваа Москва дека не му дава доволна поддршка на Техеран, дури и исмевајќи ја Русија поради наводната „пасивност“ кон својот партнер.

Сепак, во последните извештаи и анализи се појавуваат дијаметрално спротивни тврдења. Во нив се наведува дека Русија наводно му обезбедувала на Иран разузнавачки информации, сателитски снимки и податоци за локации на американски бази во регионот, кои би можеле да се користат за попрецизно насочување на ирански дронови и ракети.


