Пијан татко физички ја нападнал својата 15-годишна ќерка, полицијата го приведе

Скопје – Рано утрово, околу 5 часот, 15-годишна девојка била физички нападната од својот татко, С.З. (54) од село во општина Сарај, информираат од СВР Скопје. Според пријавеното, напаѓачот бил под дејство на алкохол, а неговиот син успеал да ги раздели.

На 05.03.2026 во 06:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода С.З. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава против таткото.