Според нејзината објава, на настанот министерот уверувал дека системот ќе ги штити жените 24 часа на ден, седум дена во неделата. Сепак, кога таа поставила прашање поврзано со безбедносната проценка што ја направило Министерството за внатрешни работи за Артан Груби, министерот ја обвинил дека му пишувала пораки по полноќ.
Факова Серафиновиќ тврди дека таквото обвинување не е точно и посочува дека за тоа постојат докази. Таа во реакцијата прашува како може жените да се чувствуваат безбедно доколку ваков однос се покажува кон новинарки.
„Ако министерот вака се однесува со новинарки, како полицајците се однесуваат со жените?“, прашува новинарката во својата јавна реакција.

