Хезболах им порача на израелските жители на северот да се евакуираат

Либанското шиитско движење Хезболах упати предупредување до израелските жители во северниот дел на Израел, повикувајќи ги да ги напуштат населбите во близина на границата со Либан.

Во пораката што ја пренесоа медиумите поврзани со движењето, се наведува дека израелските жители треба да ги евакуираат сите населби лоцирани на длабочина до пет километри од граничната линија.

Од Хезболах наведуваат дека предупредувањето е реакција на, како што тврдат, „агресијата на израелската армија врз либанскиот суверенитет“, како и нападите врз цивили и уништувањето на цивилна инфраструктура во Либан.

Во соопштението се додава дека, според нив, кампањата на раселување на населението и воените операции „нема да поминат без одговор“.