(Видео) Мојсоска: Жените во земји во војна се побезбедни отколку во овој македонски систем што не постапува

На собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, имаше излагање во кое посочи дека зад празничните честитки стои сурова реалност на институционална негрижа кон жртвите на семејно насилство и длабоко нефункционален систем кој со години не успева да ги заштити најранливите.