Иран ги негира обвинувањата за лансирање дронови кон Азербејџан

Иранската војска денеска ги демантираше обвинувањата дека лансирала дронови кон Азербејџан. Според соопштението на Генералштабот на Исламската Република, нема извршено никакви такви операции, ниту било каква агресија кон соседната држава.

Објавата следува по извештаи за наводни воздушни напади врз територијата на Азербејџан, кои предизвикаа зголемена тензија во регионот. Генералштабот потенцира дека Иран се придржува кон принципите на суверенитет и мирољубива политика во меѓународните односи.