Мишовски: Кој добива, а кој губи од војната на Блискиот Исток

  • Став на Дончо Мишовски

Од информации достапни од медиумите може да се дојде до заклучок. Доколку војната на блискиот исток трае 4–5 недели ќе предизвика значителен раст на цената на нафтата, најголем индиректен економски губитник би била Европската Унија поточно Германија. Поради високата енергетска зависност и нарушувањето на глобалните трговски рути, загубите би можеле да достигнат околу 150–200 милијарди евра. Според изјави на војни аналитичари овој сукоб не би можел повеќе да трае поради лимитираните ресурси на балистички ракети од двете страни.

Според неофицијални извештаи Иран располага со 4000 балистички ракети. Арсеналот вклучува ракети со краток и среден дострел (300–2000+ км) како Fateh-110, Zolfaghar, Shahab-3, Emad и Sejjil.
Арсеналот на америчката пета флота располага со околу 300–500 крстосувачки ракети Tomahawk, со дострел до 1.600 км, со можно дополнување од америчките бази.

Додека пак Израел според достапни информации располага со балистички ракети Jericho II – околу 150–200 ракети (дострел ~1.500 км) како и Jericho III – околу 50–100 ракети. Ова се параметри зошто овој сукоб би бил краток.

Иако некои аналитичари изјавува дека Кина би претрпела голем удар врз економијата, во овој случај тоа би било помал, но сепак значаен економски удар, проценет на околу 20–40 милијарди долари, благодарение на стратешките резерви од 90-120 дена и диверзифицираните извори на снабдување.
Русија, пак, краткорочно би можела да профитира од повисоките цени на енергенсите, продавајќи ги своите ресурси по повисока цена, додека глобалното внимание делумно би се пренасочило од војната во Украина, создавајќи дополнителен геополитички маневарски простор за Москва.

Во вакво сценарио, САД ја зацврстуваат својата геополитичка позиција. Повисоките цени на енергенсите ја зголемуваат конкурентноста на американскиот енергетски извоз, додека сојузниците стануваат уште позависни од американската безбедносна и економска поддршка. Вашингтон ќе ја зајакне својата улога како клучен глобален фактор. Впрочем нивнат цел и не е да победат во овој сукуб туку да ја потврдат нивната доминација во регионот.

Иран би бил најдиректниот економски губитник, со потенцијални загуби од 15 до 35 милијарди долари за само еден месец конфликт, што претставува значителен удар врз економија која веќе функционира под силни санкции.

Едно е сигурно, народот најмногу губи.