Пратениците од Левица денеска со транспарент го пречекаа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при неговата посета на Собрание на Република Македонија.
На транспарентот, кој беше истакнат од пратениците на партијата, стоеше пораката „НАТО убива за профит“. Од Левица соопштија дека на овој начин симболично го изразиле својот став и противење кон политиките на Алијансата.

