(Видео) Мециновиќ за CGTN: Безвизниот режим за Кина може да донесе економски придобивки за Македонија

Пратеникот Амар Мециновиќ во интервју за CGTN истакна дека воведувањето безвизни режим за кинеските туристи би можело да донесе значајни економски придобивки за Македонија.

Според него, централната позиција на земјата на Балканот е стратешки значајна за соработката со Кина, при што Македонија може да се претстави како порта за кинески производи кон европскиот пазар.

Мециновиќ исто така ја сподели својата перспектива од учеството на политички настани како „КПК во дијалог со политички партии од Централна и Источна Европа“, нагласувајќи дека многу европски претставници изразиле воодушевување од динамиката на кинескиот развој.

Тој оцени дека ваквите иницијативи можат да ги зајакнат трговските и туристичките врски меѓу Македонија и Кина, со потенцијален позитивен ефект врз локалната економија.