- Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Хактан, пратеник во македонското собрание.
Како почина лидерот на Исламската Република Иран, Големиот Ајетолах – Сејед Али Хосеини Хаменеи
Веднаш по почетокот на агресијата врз Иран од страна на Израел и Америка, во моментите на најголема опасност, кога безбедносните служби повеќепати го повикале Хаменеи да го напушти својот дом – кој воедно служи и како негова канцеларија – и да се засолни во друг град, имам Хаменеи одбил, одговарајќи им: „Ако можете да ги преместите 90 милиони Иранци во друг град, тогаш и јас ќе заминам.“
Му понудиле засолниште, безбеден подрум изграден специјално за него. Но тој повторно одбил, со зборовите: „Ако можете да изградите подруми и засолништа за сите Иранци, тогаш ќе прифатам и јас.“
Останал таму каде што бил – во својата канцеларија, во својот дом, меѓу својот народ. Наутро, неговиот дом бил бомбардиран. Во нападот, освен тој, животот го загубиле неговата сопруга, снаата и неколкумина негови внуци.
Можеби ваквата постапка на Хаменеи некој би ја окарактеризирал како наивност, но тој умира онака како што го поминува и целиот свој живот – со комплетна оданост кон народот и како вистински пример на револуционерен лидер со крајна пожртвуваност и лична доследност: да се остане со народот и во најтешките мигови, без бегство и без привилегии.

