Промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022″

Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, издание на Кинотеката, ќе се одржи во петок (27 февруари), со почеток од 19 часот во просториите на Кинотеката. Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.

Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието. Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.

Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ е обемно издание кое има за цел да ја претстави и архивира визуелната историја на македонскиот филм низ плакатот како медиум на комуникација и уметнички израз.