Изложба на автопортрети „Емотивни пејзажи“ на Тони Попов и Јасмина Котевска

Во Младинското друштво „Соуллрафт“ во Скопје вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Емотивни пејзажи“ на сликарот Тони Попов и историчарката на уметност Јасмина Котевска. Станува збор за серија на автопортрети кои ги создавале паралелно, но секој за себе и со кои порачуваат дека, емоциите не се слабост, туку материјал за создавање. Изложбата поставува прашања: Колку сме подготвени да се соочиме со туѓата, но и со сопствената емоционална голотија? Дали во туѓиот портрет препознаваме дел од себе и дали уметноста може да биде безбедно место за ранливост исто како и пријателствата?

– Ова е топол, интимен сликарски разговор помеѓу двајцата автори. Тој ја поттикна да се охрабри да твори, а таа му ја врати желбата да истражува и експериментира – вели Николина Атанасоска.