„Стоп за УСЈЕ“: Општина Кисела Вода лаже, мерната станица во дворот на УСЈЕ може да покажува колкаво е загадувањето во реално време

Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.

Од таму побараа мерната станица во дворот на Усје да почне да работи во полн капацитет и да биде интегрирана во апликациите, а мерењата да бидат видливи 24/7 и да ги покажуваат сите можни мерења, со став дека истата може да мери колкаво е загадувањето од согорувањето на петролкокс и јаглен кои ги користи цементарницата.

Иницијативата повторно ги повика сите да се вклучат во борбата за чист воздух.

Може да ве интересира