Левица: Со поројните дождови во Кичево, на површина исплива несовесното работење

Со поројните дождови во Кичево, на површина исплива несовесното работење на властите, реагира партијата Левица укажувајќи дека не е првпат на граѓаните во овој да им се случува ваква катастрофа.

Затоа од партијата бараат итно санирање на сите критични точки, итна санација и чистење на речните корита и одводните канали во градот и итно започнување на пошумување и санација во реонот Под Крушино, Ивани Дол и Раштански пат, како и поставување на нова одливна мрежа за дождовници во овој реон .

Реагираат и граѓаните  во Кичево кои сметаат дека поплавата не е последица на дождовите туку од неисчистени и нефункционални канали и  од градби кај што не им е место, од узурпирање на секоја сантиметар од природата за лична корист и профит.