Апасиев: Ние ќе им ги укинеме сите царини, а САД нам царини од 15% – каде е реципроцитетот?

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев упати низа критики на рамковниот договор за фер и реципрочна трговија меѓу Македонија и САД, оценувајќи дека станува збор за нерамноправен аранжман на штета на државата.

Според објавените информации, со договорот Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД, додека Соединетите Американски Држави ќе задржат царини од 15 проценти за дел од македонските производи, со можност одредени производи да добијат нулта стапка.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го оцени договорот како „важен и значаен исчекор“ во економската соработка со САД, посочувајќи дека тој отвора нови можности за извозниците и носи конкретни бенефити за македонските компании.

Апасиев, пак, во своја реакција на социјалните мрежи го доведе во прашање карактерот на договорот како „реципрочен“.