Традиционална изложба посветена на Св. Трифун со дела од 35 македонски уметници во Музеј-галерија Кавадарци

Изложбата, која ќе се отвори по повод празникот Св. Трифун, на 13 февруари, во Музејот галерија Кавадарци, обединува дела од 35-мина уметници, претставувајќи репрезентативен пресек на современите ликовни изрази и авторски сензибилитет. Иако иницирана од празничниот контекст, поставката не е тематски дефинирана, туку функционира како отворена платформа за слободен уметнички израз. Посебна симболика добива и фактот што се одржува оваа изложба во 2026 година, кога Музејот галерија Кавадарци одбележува значаен јубилеј: 50 години од своето постоење.

Во чест на празникот на лозарите, Св. Трифун, 35-мина еминентни македонски уметници ќе се претстават на групната изложба што ќе биде отворена на 13 февруари во 19:30 часот, во Музејот галерија Кавадарци. Изложбата, која веќе стана традиција, претставува репрезентативен пресек на современите ликовни изрази и авторски сензибилитет. Директорот на Музејот галерија Кавадарци, м-р Јаким Зимоски, истакнува дека традиционалната изложба „Боите на Св. Трифун“ претставува значаен културен настан што, преку ликовното творештво, ја афирмира врската меѓу духовното наследство, вековната традиција на лозарството и современата уметничка мисла.

Меѓу 35-темина автори чии дела ќе бидат дел од изложбата се: Трајче Чатмов, Тања Балаќ, Решат Ахмети, Ангел Коруновски, Павле Кузмановски, Дита Старова-Ќерими, Никола Пијанманов, Тони Шулајковски, Данчо Ордев…