Јашаровска кон Дафина Стојановска: Време е за работа, не за циркуз

Ана Снежана Јашаровска преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики до пратеничката Дафина Стојановска, повикувајќи ја, наместо на јавни настапи и објави на Фејсбук, да се фокусира на реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Во објавата, Јашаровска ѝ порачува на Стојановска „наместо да глуми приватен детектив и да истражува други“, да ја посети состојбата во јавните простори, гробиштата, улиците и општините, посочувајќи на, како што наведува, ѓубре, запуштеност, бездомни кучиња и загаден воздух.

Таа ја повикува пратеничката да ја искористи вештачката интелигенција „за наоѓање решенија, а не за циркус и навреди“, предлагајќи да се постават прашања за зголемување на платите, подобрување на животниот стандард и враќање на достоинството на граѓаните.

Во објавата се споменува и состојбата во здравството, при што Јашаровска апелира до Стојановска да ги посети болниците и да разговара со пациентите за тоа дали можат да си ги дозволат потребните лекови.