Абас Арагчи: Иранците се народ и на дипломатијата и на војната

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека Иран останува посветен на дипломатијата, но дека истовремено е подготвен и за воен одговор доколку е потребно.

Според него, доколку Иран не пружел отпор, „дамка на срам засекогаш ќе останела во историјата“, додавајќи дека земјата не можела лесно да се предаде. Арагчи посочи дека на третиот ден од конфликтот имало пораки за „безусловна предавање“, но дека на дванаесеттиот ден тие биле заменети со пораки за „безусловен прекин на огнот“.

Неговата изјава доаѓа во услови на зголемени регионални тензии и дипломатски напори за стабилизација на состојбата.