(Видео) Мишовски: Транспарентноста за загадувањето во Кисела Вода не смее да биде резултат на притисок

Советникот од Левица во Советот на Општина Кисела Вода, Дончо Мишовски, реагираше дека транспарентноста во мерењето на квалитетот на воздухот не смее да биде последица на политички или јавен притисок, туку законска и институционална обврска.

Како што информира Мишовски, по притисок на советниците од Левица, мерната станица кај „Фоја“, во близина на цементарницата „Титан УСЈЕ“, конечно започнала да прикажува јавно достапни и видливи податоци за квалитетот на воздухот. Според него, ова е чекор напред, но далеку од доволен.

Тој предложи комисијата да биде составена од советници и одговорно лице од секторот за екологија, со цел директно и транспарентно утврдување на изворите на загадување.

Советникот од Левица потенцираше дека заштитата на здравјето на граѓаните не смее да остане само на декларативни изјави, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да дејствуваат навремено и одговорно.