(Видео) Мустафаоглу го демантира Ѓорѓиевски: Во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Советничката во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, од редовите на опозициската Левица, по седницата на град Скопје, од која градоначалникот се пофали дека спречил непотребно вработување во градската администрација, излезе со сосема спротивен став.

Tаа сподели и видео во кое се обраќа од градското собрание и истакнува дека во планот за вработување во градот за оваа година се планираат многу позиции, од кои дел биле пополнети со преземање луѓе од општина Кисела вода, но посочи и на позиции кои нејзе и звучат како непотребни.

Извор: Скопје1