Русија и САД се согласија за обновување на нуклеарните разговори по истекот на договорот „Нов СТАРТ“

Русија и Соединетите Држави се согласуваат дека е потребно да се обноват нуклеарните разговори, соопшти Кремљ денес, откако истече последниот договор што ги ограничуваше арсеналите на Москва и Вашингтон.

Двете водечки нуклеарни нации во светот соопштија во четврток дека ги продолжуваат воените контакти на високо ниво, договор постигнат на дводневните разговори во Абу Даби со цел решавање на војната во Украина.

Договорот „Нов СТАРТ“ – последниот нуклеарен договор меѓу Москва и Вашингтон – истече на 5 февруари, предизвикувајќи стравувања од глобална трка во вооружување.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп постојано го критикуваше „Нов СТАРТ“, сугерирајќи дека е неопходен нов договор, но инсистираше тој да ја вклучува и Кина.

НАТО повика на „одговорност и воздржаност“ откако истече договорот меѓу САД и Русија, со кој се наметнуваат ограничувања на нивните нуклеарни арсенали, зголемувајќи ги стравувањата од нова трка во вооружување.