Поранешната ракометна легенда, двајца полицајци и еден пожарникар се осомничени за вмешаност во корупциска шема поврзана со издавање лични документи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, осомничените во периодот од февруари до април 2024 година организирале противзаконито посредување за побрзо издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи. За возврат, тие наводно примале паричен надомест од граѓани кои сакале да ја заобиколат редовната процедура.
Во шемата, како што наведуваат надлежните, учествувале поранешна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, двајца вработени во полицијата и еден пожарникар, при што секој од осомничените имал своја улога во олеснувањето и забрзувањето на административните постапки.
Поранешната спортистка, која важи за една од најуспешните македонски ракометарки, во текот на својата кариера има остварено 220 настапи и постигнато 813 голови за националната репрезентација.

