80% малолетни девојчиња со кои мрежата на Џефри Епстин тргувала биле од Балканот – му помагале и официјални лица од ОН

Според поранешен адвокат од американското министерство за правда, „речиси 80% од малолетните девојчиња на Џефри Епстин, жртви на трговија со луѓе, доаѓале од Балканот“. Членовите на мрежата на Епстин  со текот на години имале заземено позиции во највисоките ешалони на Обединетите нации, а во средината на 90-тите, Епстин често навраќал на Балканот.

Патничкиот дневник на Епстин, кој сè уште е цензуриран, покажува над десетина летови до регионот во средината и крајот на 90-тите. Ова е временски период кога Епстин и неговите израелски партнери почнале да градат врски базирани на педофилија и сексуална трговија со луѓе со клучни инсајдери во Обединетите Нации.

Во текот на следните години, членовите на мрежата на Епстин  заземале позиции во највисоките ешалони на Обединетите нации, пишува независната авторка Сибел Едмондс.

Досега, врз основа на педантно селектирани и контролирани документи објавени од страна на американската влада, именувани се тројца високи функционери на ОН: Мирослав Лајчак, Род Ларсен и Џоана Рубинштајн.

Краткиот список го прикажува само врвот на ледениот брег кога станува збор за глобалните операции на Епстин за трговија со деца и нивна сексуална злоупотреба.

Иако сериозно редактирани, досиејата покажуваат историја на плаќања извршени од Епстин  на разни лица со презимиња карактеристични за Источна Европа. Според еден од документите од 2008-ма година, речиси две третини од жените жртви на трговија со луѓе за проституција низ целиот свет доаѓале од овој регион.

Меѓу земјите споменати како главни извори на трговија со жени се Албанија, Молдавија, Романија, Бугарија, Русија, Белорусија и Украина. Во документите се тврди дека ЈПМорган знаеле и имале докази дека Епстин плаќал жени помеѓу 2003 и 2008 година но банката со години продолжила да ги обработува таквите плаќања. Вкупниот износ достигнал речиси 3 милиони американски долари.

Сибел Едмондс се занимава и со контроверзната вмешаност на DynCorp, американски приватен воен контрактор кој имал милиониски договори со американската влада за обуки и други сервиси за мировниците на ОН во пост-воена Босна а подоцна работеле и во Албанија и Косово.

Вели дека за сексуалните скандали на ДајнКорп знаеле многу високи функциониери на ОН, меѓу кои и Жак Клајн, шефот на мисијата на ОН во Босна.   

Само во 2024 година имало преку 100 случаи на силување и сексуална злоупотреба во мировните и политички мисии на Обединетите Нации во светот. 65 случаи биле обелоденети од жени кои родиле откако биле силувани па побарале детска помош.

Една од првите кои ги раскринкуваше овие мрежи беше американската адвокатка за човекови права, Катрин Болковац. 

Превземено од ОФФ.НЕТ