(Видео) Крмов: Левица за 8 до 10 години ќе биде најголема партија во Македонија

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, очекува партијата во следниот период значително да го зголеми своето политичко влијание и во рок од осум до десет години да стане најголема партија на македонската политичка сцена.

Во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ24, Крмов истакна дека Левица има јасна и принципиелна политика кога станува збор за коалицирање, нагласувајќи дека партијата не склучува предизборни коалиции. Според него, коалициите доаѓаат предвид исклучиво по завршувањето на изборниот процес и тоа само во услови кога Левица би била најсилниот политички субјект.

Крмов додаде дека Левица ја гради својата стратегија на долгорочен план, со фокус на самостојно политичко дејствување и јасно дефинирани принципи, без предизборни договори со другите партии, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ.

Целата емисија на линкот:

Може да ве интересира