(Видео) Димовски: Независноста на Македонија беше можна поради стабилниот енергетски систем

Во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, инженерот Дејан Димовски потенцира дека независноста на Македонија во 1991 година не била резултат на силна војска, влијателна држава или развиен монетарен систем, туку на стабилниот електроенергетски систем и стручното знаење на инженерите и техничкиот кадар од повеќе факултети.

Тој нагласи дека Македонија не го искористила потенцијалот на големите домашни компании, кои доколку биле вклучени во големите енергетски проекти како Бетон, Маврово, Пелагонија и Гранит, можеле да го продолжат својот век на економско опстојување и да придонесат за изградба и надградба на енергетските капацитети.