Апасиев: Управниот суд пресуди во корист на Левица за референдумската иницијатива за „Францускиот предлог“

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопшти дека Управниот суд по тригодишна правна постапка донел пресуда во корист на партијата во врска со референдумската иницијатива за поништување на заклучоците околу т.н. „Француски предлог“.

Според Апасиев, во периодот кога Левица ја покрена иницијативата, Државниот управен инспекторат се прогласил за ненадлежен да постапува, а ваквата одлука била потврдена и од второстепената Државна комисија. Тој оцени дека со најновата пресуда на Управниот суд е потврдено оти институциите тогаш постапиле спротивно на законите.

Во објавата на социјалните мрежи, Апасиев се осврна и на, како што наведе, цензурата од страна на Државната изборна комисија (ДИК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на последните локални избори, оценувајќи дека и во тој случај правдата ќе биде задоволена, но пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Може да ве интересира