(Видео) Мојсоска до Дурмиши: Кога ќе пристигнат измените на Законот за угостителска дејност кои ги најавивте по пропустите што доведоа до трагедијата во Кочани?

На седницата за опозициски пратенички прашања во Собранието, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, му упати директно прашање на министерот за економија, Бесар Дурмиши, барајќи одговор кога конечно ќе бидат доставени најавените измени на Законот за угостителска дејност, кои требаше да ги отстранат системските пропусти што придонесоа за трагедијата во Кочани.

Мојсоска посочи дека по трагичниот настан во кој животите ги загубија млади луѓе, како еден од клучните проблеми биле идентификувани токму недореченостите во постојната законска рамка. Таа нагласи дека сегашниот закон предвидува сопствениците самите да изјавуваат дали ги исполнуваат техничките услови за работа на дискотеките, без претходна задолжителна теренска проверка од надлежните институции.

Таа оцени дека зад ваквото лошо законско решение стојат профитните интереси на влијателни кругови од угостителскиот сектор, кои, како што рече, често се блиски до власта.

Пратеничката од Левица побара јасен рок од министерот Дурмиши, прашувајќи дали до 25 март 2026 година, точно една година по најавата за законски измени, пратениците ќе добијат Предлог-закон со кој ќе се спречат идни трагедии.

Може да ве интересира