(Видео) ССМ во среда излегува на протест!

Претседателот на Сојузот на синдикати на Макеоднија (ССМ), Слободан Трендафилов на прес – конференција информираше дека на 28 јануари во 17 часот пред Работничкиот дом ќе се одржи најавуваниот протест на работниците и синдикатите.

Според него, власта одбива да ја зголеми минималната плата во време кога 540 илјади граѓани во Македонија се сиромашни.

Трендафилов побара поддршката од сите работници, додавајќи дека со седењето дома се поддржува политиката на ниски плати, мизерни примања и тежок работнички живот.

Ова е првиот чекор од низата чекори кои ССМ ќе ги преземе во наредниот предиод, најавуваат дополнителни протести, блокади, генерален штрајк во јавниот сектор. Доколку барањата не им бидат испочитувани, Трендафилов најави собирање на 10.000 потписи со што ќе бидат овластен предлагач на закони и ќе побараат намалување на функционерските плати за 78 проценти и зголемување на работничките плати за 600 евра минимална плата и за разликата од зголемување на сите останати плати.

Може да ве интересира