Националниот џез оркестар ќе ја отвори концертната сезона на 30. јануари

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет на 30 јануари во 20 часот на сцената на Македонската филхармонија. Ова ќе биде официјално отворање на концертната сезона 2026. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески. Како солисти ќе настапат Кирил Кузманов на саксофон и флејта и Бојан Цветковиќ, на пијано.

Гостин на вечерта ќе биде Георги Шарески — гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна целина. 

Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Со овој концерт, Националниот џез оркестар ја  поканува публиката на вечер во која музиката зборува  ќе сама за себе и ќе ги  носи надвор од секојдневниот ритам.