- Фејсбук статус на Анита Гибсон за официјалната посета на македонска парламентарна делегација на државата Израел
Мора некаде да постои граница меѓу моралот и политиката.
А вие таа граница одамна ја избришавте.
Да се оди во официјална посета на Израел во момент на масовно убивање, глад и уништување на Палестинците, додека светот сè погласно зборува за геноцид и апартхејд, не е „дипломатски баланс“.
Тоа е отворен морален колапс.
Оваа влада – како и сите претходни и, за жал, веројатно идните – мора конечно да почне да гради кичма.
Држава без кичма не е држава, туку привремена управна единица за туѓи интереси.
До кога ќе се продаваме?
Име.
Идентитет.
Морал.
Образование.
Природни ресурси.
Територија.
До кога ќе ја нарушувате демографијата, примајќи отпад од светот – луѓе и политики – само затоа што некој платил, ветил кредит или фрлил трошки од масата?
До кога ќе градите криминална држава, во која сè е на продажба, само за вие – сите вие, минати, сегашни и идни партии и влади – да опстанете на власт?
Не, државата не „опстанува“ вака.
Државата се распаѓа – морално, институционално и човечки.
Да се повикувате на Холокаустот, а да молчите пред геноцид што се случува денес, не е почит кон историјата – тоа е нејзино понижување.
Сочувство што важи само за „нашите сојузници“ не е сочувство, туку лицемерие.
Ова не е прашање на левица или десница.
Ова е прашање дали воопшто имате совест.
Срам да ви е.
И арам.
