(Видео) Мојсоска до Алиу: За прв пат доцни лек за хемофилија повеќе од шест месеци – кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?

Мојсоска алармираше за сериозната состојба со пропусти во набавката на овој лек кој е од клучна важност за на лицата со хемофилија А.

Мојсоска се осврна и на институционалната одговорност посочувајќи дека и претходно имало вакви рестрикции но, тоа никогаш не било повеќе од два месеца. Исто така посочи дека со години трае руинирање на здравствениот систем, а сега под водство на ДПМНЕ дополнително се деградира. „Дајте да лоцираме каде е одговорноста. Со институтот за трансфузиона медицина раководи директорот Амир Ељези, поставен од оваа владејачка коалиција. Во интервју вие потврдивте дека сте во комуникација со директорот и дека лекот ќе биде набавен. Информациите кои јас ги имам е дека директорот Ељези вооопшто не бил расположен да ги прими докторите од установата кои барале средба со него токму заради алармантата ситуација за овој лек“, рече Мојсоска. 

Пратеничката Мојсоска истакна дека Левица и претходно го спорела изборот на овој директор бидејќи со Законот за безбедност во снабдување со крв предвидува дека за директор може да се постави специјалист трансфузиолог со најмалку две години работно искуство. „Ељези не е транзфузиолог, а очигледно не е ни менаџер кога за прв пат во негово директорување доцни лек половина година“, заврши Мојсоска. 

Може да ве интересира