На 22 јануари (четврток), во Културно информативниот центар – Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на 37. број на списанието „Филозофска трибина“.
Во „Филозофска трибина 37“ има десет текстови од темата на бројот: „300 ГОДИНИ КАНТ“ (од акад. Ферид Мухиќ, проф. д-р во пензија Мирко Ѓошевски, акад. Иван Џепароски, американскиот филозоф Стивен Фридман, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Марија Тодороска, проф. д-р Сенка Анастасова, д-р Самуел Колономос Садикарио и д-р Игор Поп Трајков). Главнината на текстовите беа презентирани на истоимениот симпозиум во рамките на Светскиот ден на филозофијата (одржан на 21-22 ноември 2024 година). Во списанието има и три авторски текстови (проф. д-р Марија Тодоровска, доц. д-р Ведран Диздаревиќ и проф. д-р Славица Србиновска); еден приказ на промоција (од м-р Александар Богатинов); и два прилога во рубриката Филозофски живот.
Списанието ќе го промовира проф. д-р Ана Димишковска.

