Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека има намера да воведе царини од 200 проценти за француски вина и шампањи, како дел од пошироката закана за царини против европските земји кои се спротивставуваат на неговиот план за Гренланд.
„Ќе воведам царини од 200 проценти за француски вина и шампањи, а (францускиот претседател Емануел) Макрон ќе се приклучи на мировниот совет за Газа“, изјави Трамп за новинарите, пренесе Ројтерс.
Макрон вчера изјави дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во тој мировен совет.
Трамп постојано повторува дека, според него, Европејците „нема да пружат голем отпор“ на неговиот план за преземање на Гренланд.

