Изложба “Фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко“ вечерва во Кавадарци

Вечерва (12 јануари) со почеток од 18 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложбата „Фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко“.

Изложените дресови се дел од колекцијата на Николчо Делов, посветена на спортските успеси, пријателствата и човечките приказни што произлегуваат од Тиквешијата и пошироко и го освојуваат светот.

На изложбата ќе бидат претставени 50 автентични спортски дресови од фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и пингпонг – дресови кои ја надминуваат својата улога на спортска опрема и стануваат носител на приказна за личен и колективен успех, симбол на упорност, талент и дисциплина, успех и припадност кон заедницата од која потекнуваат.

Настанот е посветен на Андреј Лазаров, фудбалер кој трагично загина во несреќата во Кочани, кој остави длабок белег во поновата спортска историја на градот Кавадарци во три наврати играјќи за ГФК Тиквеш.

Може да ве интересира