Левица прифаќа укинување на пржинската влада доколку се воведе една изборна единица

Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, зашто смета дека таа нема смисла и дека се претворила во алатка за меѓупартиско пазарење.

Втор услов што го поставува оваа партија е „укинување на политичката цензура и обезбедување еднаков пристап до медиумско претставување за политичките субјекти“.

Партијата потсетува дека на последните избори, Левица беше единствената на која, поради „правна празнина“, ѝ беше оневозможено било какво политичко рекламирање.

Оттаму порачуваат дека нема да учествуваат во шминкање на системот без да се испорачаат нужни реформи.

Левица потсетува дека „една изборна единица“ е и ветување на ВМРО-ДПМНЕ за овој мандат.