(Видео) Додека трае самитот на ЕУ за финансирање на Украина – Брисел целосно блокиран со трактори

Самитот на Европската Унија во Брисел, на кој се одлучува за финансирањето на Украина, се одвива во услови на големи протести на земјоделци од различни земји-членки.

Европскиот кварт во средишниот дел на градот е блокиран од стотици трактори, а протестирачките бараат повеќе внимание за нивните економски проблеми и подобри услови во конкуренцијата со увозни производи.

Протестите, кои ги организираат земјоделските синдикати, ја искажуваат загриженоста на замјоделските производители дека нивните тековни проблеми заостануваат зад други политички приоритети на Унијата, вклучувајќи ја и финансиската поддршка за Украина.

Протестите прераснаа во насилни со запалени возила, блокади и тепање со полицијата.