Слободен печат открива скандал на ГАК: Сомнителна смрт на бебе скриена од семејството – педијатарка го реинтубирала 20 минути

Надежно бебе, кое имало шанса за живот, починало на интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, на 1 октомври годинава, а смртта на семејството му била претставена како нешто што не можело да се спречи. Но, документите до кои дојде „Слободен печат“ покажуваат дека внатре во болницата, самата началничка на одделот за интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, ја пријавила педијатарката од одделот, д-р Емилија Бадева дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето“.

Директорката на болницата, доктор Ирена Алексиовска Папестиев, откако ја добила оваа пријава, ја отстранила педијатарката од дежурства на одделот за интензивна нега и ја преместила на оддел каде нема реинтубации (на барање на педијатарката). Но, два месеца директорката ги нема известено ниту Министерството за здравство, ниту Државниот здравствен и санитарен инспекторат, ниту Јавното обвинителство за овој предмет во кој началничка на оддел за интензивна нега пријавува докторка од одделот за несоодветно лекување на бебе со смртни последици!

Пред да ја објави оваа сторија, „Слободен печат“ ја имаше неверојатно непријатната улога, на семејството на починатото новороденче да му ги покаже интерните документи од Клиниката за гинекологија и акушерство кои ги добивме од свиркачи, а во кои се наведува сомнежот за негово несоодветно лекување и предизвикување компликации – нешто што на семејството воопшто не му било кажано при исписот на мајката од болница.

Етички, за нашата редакција беше неможно да работиме на објавувањето на оваа сторија знаејќи дека семејството не е запознаено со интерните преписки кои самите сведочат за сомнежи за пропусти во лекувањето кои довеле до смрт на бебето, но и сведочат дека Клиниката не била транспарентна кон семејството, па дури и се обидела да го заташка случајот, односно да го држи зад бројни затворени врати.

Иако некои светски протоколи налагаат предвреме родено бебе да се реинтубира во временски период од 30 секунди, конкретното новороденче кое живеело само три дена, според пријавата на началничката – било интубирано дури 20 минути а притоа му било распарчено грлото.

Пријавата е датирана и архивирана во Клиниката за гинекологија на 13.10.2025 година. Две специјализантки, кои што биле присутни за време на ова неуспешно реинтубирање на бебето, дале свои изјави во болницата.

Изјава до директорката напишала и другата специјализантка.

Документацијата покажува дека се работи за бебе со солидна тежина – 2.630 грама родено во 36 гестациска недела со царски рез. Бебето било префрлено на интензивна нега зашто имало респираторен дистрес, но исклучени биле кардиопатија и патолошко нарушување на срцевиот ритам.

Клиниката за овој случај расправала на внатрешната Комисија за квалитет. Видно од двата записника со кои располагаме, се одржале 2 состаноци на оваа комисија поврзани меѓу другото и за овој случај.

Едниот од нив се случил на 28.10.2025 година. Комисијата за квалитет тогаш заклучила:

Но, не постои ниеден закон што му овозможува на директор да тестира доктори за алкохол и други супстанци и затоа овие препораки на Комисијата за квалитет се само слово на хартија и про-форма разгледување на случајот без вистински да се испита што се случило.

Министерот за здравство Азир Алиу откако изби скандалот со доктор од Клиниката за неврологија (Игор Кузмановски) кој беше фатен како меша бела прашкаста материја на видео-материјал, декларативно изјави дека поддржува промена на законите за да може да се озакони тестирањето за супстанци во болниците, но иако прв човек во здравството не мрдна подалеку од пуста желба.

Комисијата за квалитет исто така на записник од 17.10.2025 година констатирала дека „во потврдата која што е издадена на родителите од починатото новороденче како и барањето за обдукција се наведени неточни податоци за тежината на општата состојба на новороденчето, наведено е спонтано настанување на пнеумотораксот и никаде не е евидентирано дека биле изведувани повеќекратни обиди за реинтубација во период од 20 минути што довело до дестабилизација и дополнителни компликации кај новороденчето како непосредна причина за негов егзитус“.

Докторката Бадева тврди дека наводите за алкохол се чиста клевета, ги доживува како мобинг на работно место и вели дека не пие алкохол ни дома, а уште помалку на работа. Според неа, бебето било во тешка состојба, таа во ниту еден момент не направила грешка во реанимацијата и спасувањето на новороденчето. Не се согласува ниту со времетраењето наведено во внатрешната пријава од нејзината раководителка поткрепена со изјавите на специјализантките – тврди дека самата реинтубација траела помалку од 20 минути и цело време била „на чекор да успее“.

Таа додала дека наодот можело да оди во прилог на менингитис.

Обдукцискиот наод на новороденчето не е готов ни два месеца по неговата смрт. Ова е „нормална“ состојба и наодите за обдукција некогаш се чекаат половина година и повеќе, поради малиот број патолози во Македонија.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство за „Слободен печат“ изјавија:

Извор: Слободен Печат

Може да ве интересира