Град Скопје ги врати старите и повисоки цени за фирмарина

На минатата седница на Советот на Град Скопје мнозинството на советници од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со 23 гласа ЗА, изгласаа одлука за враќање на старите цени на комуналните такси за фирмити или т.н. Фирмарина.

Фирмите наместо 4.000 денари сега ќе треба да плаќаат по 7.000 денари, физичките лица кои вршат дејност наместо 1.300 денари ќе плаќаат по 2.300 денаари, додека занаетчиите наместо 350 денари, сега ќе плаќаат по 700 денари.

Исто така, од 5 на 15 денари за метар квадратен е зголемена комуналната такса за вршење на дејност надвор од деловен простор.

Обраложението од град Скопје и Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски е дека висината на фирмарината беше намалена за време на корона кризата како помош за фирмите и сега се враќа „старата“ цена на фирмарината, која што беше пред корона кризата.

Иако корона кризата помина, сепак не поминаа последиците од неа и повеќето фирми се уште не можат да застанат на здрави нозе во вршењето на својата дејност и ова ќе биде уште еден удар врз нивното работење.

Последиците од оваа одлука најмногу ќе ги почуствуваат помалите трговци, вршители на самостојна дејност, како и занетчиите за кои што државата не прави речиси ништо за стимулација за нивната дејност, а од друга страна се преоптоварени со разни давачки, придонеси и комунални такси!

За оваа одлука советниците на Левица не дадоа поддршка, стои во соопштението на партијата.

Може да ве интересира