Левица од Кисела Вода бара одговорност за рушење објект со азбестен кров

Од Левица – Кисела Вода реагираат по повод рушење објект со азбестен кров, при што, како што наведуваат, не биле почитувани строго пропишаните безбедносни протоколи. Азбестот е канцероген материјал и неговото кршење и распаѓање без соодветна заштита претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

Од Левица прашуваат кој е одговорен за дозволеното ширење на азбестни честички во воздухот и дали ќе има одговорност за, овој опасен пропуст. Тие очекуваат јавно објаснување и одговор од градоначалничката.