Јованов: Еден стан не е системско решение за жртвите на семејно насилство

Тамара Јованов ја критикува одлуката на Град Скопје да отстапи само еден стан за жртви на семејно насилство, оценувајќи ја како импровизација што се претставува како голем успех. Таа предупредува дека додека институциите собираат пофалби за симболични потези, системски решенија изостануваат, а жртвите остануваат без вистинска и сигурна заштита.

Леле мајко!

Град Скопје отстапил ЕДЕН стан за жртви на семејно насилство и одоздола 100тици коментари со браво, браво…

А жртви на семејно насилство – не им се знае ни број од што никој не води сметка, ниту власта упорно не гласа тоа да се гони по службена должност, додека пратеници земаат милиони за патни трошоци и за кирии за станови по Скопје, при сопствени станови на ангро!!!

Браво!?

Да не ви се навее, да ви затреба тој ЕДЕН стан, а да е веќе зафатен, па да треба со партали и со децата да барате засолниште од насилници по роднини, пријатели или на улица!

Или треба да ви се навее, за да не викате браво на импровизации и да правите јавен притисок за соодветни состемски решенија со народните пари, кои сега ги крадат!

Па и жени се изнаредиле во коментарите, а сме меѓу првите земји по број на фемициди.

Имате ли 2 грама памет?

Ве гледаат и други луѓе освен клиентелата на власта – барем трошка срам да се имаше!

Ама срам без памет тешко изгледа.