(Видео) Мециновиќ: Договорот за мигранти со Британија мора да се отвори – без хистерија, со факти

Во синоќешното гостување на ТВ24, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека темата за можниот договор за мигранти со Велика Британија мора да се отвори без хистерија, без популизам и без задирање во ксенофобија – како што тоа, за жал, го прави СДСМ.

Потребни се факти: додека македонските политичари тврдат дека договор нема, британскиот политички дискурс јасно укажува дека разговори постојат.

Моделот „Third country hub“ веќе се применува во Албанија и е најавен во Косово.

Македонската влада сѐ уште го крие стратешкиот договор потпишан со Велика Британија.