Иако изминатот период градоначалникот Орце Ѓорѓиевски гради медиумска слика дека е скромен, дека не троши, дека нема потреба од возачи, во исто време тука пред нас бара да се институционализира функционерски комфорт со пари од граѓаните.
Ако навистина има „превработеност“ како што сами велите , зошто тогаш се вработуваат нови возачи? Зошто не се распределат веќе постоечките?
Ова го претвора Градот во сервис за функционери, не за граѓаните.
Како може да зборувате за штедење, а да создавате нови привилегии за вашите луѓе од буџет кој се полни со пари од граѓните – праша советничката на Левица Милица Давчева.
Оваа одлука само покажува дека градската власт живее во паралелна реалност, штедејќи само на грбот на граѓаните, а не на нивната удобност, истакна советничката на Левица во Советот на Град Скопје.

