На 3-та Седница на Советот на Општина Прилеп, Градоначалникот предложи двe клучни точки на дневен ред и тоа Ребаланс на Буџетот за 2025 година и Измени и дополнувања на развојните програми за периодот 2025/2027 година.
ВМРО ДПМНЕ незаконито го изгласа Ребалансот на Буџетот за 2025 година спротивно на Законот за финансирање на единиците на локалните самоуправи.
Од Развојните програми за периодот 2025/2027 година ги избриша сите проекти кои повлекуваа најголем процент од Буџетот на општината за 2025 година и на таков начин фиктивно го зголеми процентот на реализација на Буџетот за 2025 година. Практично Советот му помогна на Градоначалникот да фалсификува финансиски извештај за Општина Прилеп за 2025 година пред Министерството за финансии.
Државниот инспекторатот за локална самоуправа на потег.
Иницијативата за вршење на вонреден инспекциски надзор, објави советникот од Левица Жаре Стеваноски на својот Фејсбук профил.

