Советникот од Левица, Климе Карамитре со барање за пренос на седниците на Советот на Општина Струга во живо

Согласно член 142 од Деловникот на Советот на Општина Струга, денес поднесов#Иницијатива за воведување видео-пренос во живо на седниците на Советот во Општина Струга.

Оваа иницијатива ја поднесов со цел унапредување на транспарентноста при работата на Советот на Општина Струга и зголемување на вклученоста на граѓаните во креирањето на локалните политики.

Апелирам до мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Влен да ги надминат коалициските недоразбирања и да пристапат кон избор за Претседател на Совет, за конечно советот да почне да функционира. Советот на општина Струга не смее да биде терен за партиски препукувања поради недоразбирања во коалицијата и мора конечно да почне да работи во интерес на Стружани, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Може да ве интересира