Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, упати писмо до млади синолози од 51 земја кои учествуваа на Светската конференција за кинески јазик во Пекинг од 14 до 16 ноември 2025 година.
Тој ги пофали за нивната улога во промоцијата на синологијата и меѓукултурното разбирање, охрабрувајќи ги да претставуваат „вистинска и сеопфатна Кина“ пред светот.
Меѓу примателите е македонскиот синолог и преведувач Игор Радев (冯海城), кој е автор на преводи на класични кинески дела како „Дао Де Џинг“ и „Менг-це“ и научен соработник во Македонската академија на науките и уметностите. Радев ја застапува идејата дека синологијата е мост за културен дијалог и меѓусебно разбирање меѓу цивилизациите.

