Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, по приемот кај амбасадорката на НР Кина Н.Е. Џјанг Сјаојанг, оцени дека отворањето на кинескиот пазар претставува историска можност за македонското земјоделие. Бидејќи дури и максималното производство на земјава не би можело да ги задоволи потребите на Кина, што ја прави соработката стабилна и перспективна.
Народна Република Кина е моторот на светската економија и што е поважно за нас е отворена за соработка со Република Македонија.
Отворени се за збратимување на општини и градови од Македонија со градови од Кина.
Отворени се и за увоз на македонски производи, вклучувајќи и земјоделски производи и производи од преработувачката индустрија.
Имајќи ги предвид нашите капацитети за производство и нивниот капацитет за потрошувачка, очигледно е дека Македонија не може да произведе доволно ниту грозје, ниту вино, ниту други производи за да ги задоволи потребите на Кина.
Ова е одлична прилика пред се за развој на земјоделието во Македонија кое од година во година е во полоша состојба и тоа прилика за развој до нашите максимални капацитети.
Затоа е ова прилика која не треба да се игнорира.
Слика: Прием кај амбасадорката на Народна Република Кина, Н.Е. Џјанг Сјаојанг со пратеникот Амар Мециновиќ, напиша пратеникот на својот Фејсбук профил.
Следи го Антропол преку Google 
