Амбасадорката на НР Кина, Џианг Сјаојан одржа свечен прием по преземањето на функцијата

На 9 декември, новоименуваната амбасадорка Џианг Сјаојан организираше свечен прием по повод официјалното преземање на должноста. На настанот присуствуваа околу 350 гости од различни општествени сфери, меѓу кои високи владини претставници, дипломати и јавни личности.

Меѓу присутните беа заменик-претседателите на Владата Љупчо Димовски и Иван Стоиљковиќ, министерот Шабан Салиу, задолжен за интеграцијата и спроведувањето на Стратегијата за интеграција на Ромите 2022–2030, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, како и поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Настанот го збогатија и пратеници, претставници на Дипломатскиот кор и бројни други гости, кои со присуството го поздравија почетокот на мандатот на амбасадорката Сјаојан и ја нагласија важноста на дипломатските односи.

Новоименуваната амбасадорка Џианг Сјаојан одржа и свечен говор кој во продолжение го претставуваме во целост:

Говор на нејзината екселенција амбасадорката Џианг Сјаојан на приемот по повод преземањето на должноста

Почитуван заменик-претседател на Владата Љупчо Димовски,

Почитуван заменик-претседател на Владата Иван Стоиљковиќ,

Ваше Екселенцијо, поранешен претседател Ѓорге Иванов,

Претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски,

Министри, пратеници,

Екселенции,

Дами и господа,

Добра вечер! Здраво!

Најпрво, дозволете ми да ви упатам сречно добредојде на вечерашниот прием.

Голема чест ми е што сум именувана од претседателот Си Џинпинг за осма амбасадорка на Кина во Северна Македонија. Иако сум тука помалку од два месеца, длабоко сум трогната од топлината на македонскиот народ и охрабрена од огромниот потенцијал за взаемно корисна соработка. Имам целосна доверба во иднината на билатералните односи.

Мојата доверба произлегува од огромната сила на долгогодишното традиционално пријателство, кое води длабоко во историјата. Односите меѓу Кина и Македонија го издржаа тестот на времето и постојано напредуваат. Кина беше една од првите земји што ја призна Македонија и воспостави дипломатски односи со неа под уставното име. Посетив многу општини и се сретнав со луѓе од различни сектори — функционери, научници, претприемачи, студенти и граѓани од сите возрасти. Ги споделивме нашите гледишта за развојот на односите, а нивната поддршка внесе нов импулс во нашето партнерство.

Довербата произлегува и од постоечките резултати и огромниот потенцијал за соработка. Економиите на Кина и Северна Македонија одлично се надополнуваат. Кина е трет најголем трговски партнер на Северна Македонија, а најголем надвор од Европа. Кинеските компании имаат обезбедено над 2.000 работни места и придонеле во локалните заедници. По завршувањето на автопатот Миладиновци–Штип, Синохидро неуморно работи на експресниот пат Кичево–Охрид. Компании како Staroon Europe, Goldwind и многу други придонесуваат за развојот на текстилниот сектор, инфраструктурата и зелената енергија. Минатиот месец организиравме туристички настан, а следната недела туристички агенти од Македонија ќе учествуваат на саем во Хаинан.

Довербата произлегува и од живите размена меѓу луѓето. Во последните 12 месеци, речиси 8.000 Македонци патувале во Кина по укинувањето на визите. Во моментов, македонскиот научник Игор Радев учествува на поетски фестивал во Шангај; Горан Костовски тренира кошаркарски тим во Пекинг; Весна Дамчевска известува од различни кинески провинции; младиот Јован Пармацки и Матеја Смолич тренираат пинг-понг во Ченгду. Вчера, светскиот шампион Ванг Ликин и претседателката на ИТТФ, Петра Срлинг, играа со нив. Повеќе од десет ученици од Кочани освоија награди на меѓународен натпревар во Јијангсу. Културните и спортските размини се случуваат речиси секоја недела.

Драги пријатели, дами и господа,

Во последните пет години, Кина постигна значителен напредок во модернизацијата. Кинескиот БДП се искачи од 110 на 130 трилиони јуани и се очекува да достигне 140 трилиони (околу 20 трилиони долари), што е околу 17% од светската економија и 30% од глобалниот раст — повеќе од Г7 земјите заедно.

Кина е лидер во наука и технологија, зелена енергија и отворање кон светот. Тоа создава нови глобални можности, па и за Северна Македонија.

Почитувани пријатели,

На Четвртата пленарна сесија на 20-от Централен комитет на КПК беа усвоени препораките за 15-годишниот план, кој отвора нови можности за зајакната соработка.

Во Македонија велат: „Помеѓу зборовите и делата, долг е патот.“ Во Кина велиме: „Делата зборуваат погласно од зборовите.“ Затоа, мора да работиме заедно.

Прво, да го зајакнеме взаемното почитување и доверба — цврста како Шар Планина. Кина ќе продолжи да ја поддржува македонската сувереност, интегритет и достоинство, а очекуваме и Македонија да ги почитува кинеските клучни интереси.

Второ, да развиваме соработка длабока како Охридското Езеро — во инфраструктура, трговија, зелена енергија, дигитална економија и инвестиции.

Трето, да ја унапредиме размената меѓу луѓето — силна како македонска ракија. Следната година во Скопје ќе гостуваат кинески театарски и танцови ансамбли. Ќе ја зајакнеме академската, младинската, спортската и филмската соработка. Кина ја продолжи безвизата за македонските граѓани и очекува олеснување и на движењето во другата насока.

Драги пријатели,

Годината на Змискиот знак завршува, а доаѓа Годината на Коњот — симбол на виталност, оптимизам и акција. Очекувам да вложиме повеќе „коњска сила“ за нови платформи, поблиски односи и поголема поврзаност меѓу нашите народи.

Ви благодарам за поддршката.

А сега, ве поканувам да наздравиме:

За просперитетот на Кина и Македонија,
За вечната дружба меѓу нашите народи,
И за здравјето на сите вас и вашите семејства.

Наздравје!

Ви благодарам!

https://mk.china-embassy.gov.cn/eng/dshdsgxx/202512/t20251210_11770445.htm?fbclid=IwY2xjawOnfVhleHRuA2FlbQIxMABicmlkETBGMWN4NmRrWXJ5dlpOZHZXc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHmexKHFnXgEijzO55vgk4wKdFlfxZoDVRKpDgiJ4TA6wW471-9BL-8nFDwgL_aem_fyOf2tZDUdscPbLo_FrAlw